Градоначалникот во посета на нашето училиште

Градоначалникот и неговиот тим во посета на ООУ "Кирил и Методиј" - Стајковци пред почетокот на новата учебна година. Грижата за условите за работа, потребите и здравјето на децата приоритет на Општината. Насоки, препораки и совети за реализација на воспитно образовната работа во услови на пандемија. Разговаравме за можностите на централното и подрачното училиште за реализација на наставата согласно препораките на здравствените власти и ги разгледавме сите модели, опции и алтернативи. Унапредување на условите за работа, креирање безбедна и сигурна средина, одржување на креираната двојазична платформа, реновирање во двете училишни згради, средства за дезинфекција...беа само дел од прашањата кои ги дискутиравме на состанокот.

Прочитај повеќе ↗