Превенција и заштита од насилство

 
Постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување
 
Законот за основно образование предвидува обврска на основните училишта да постапуваат во случаи на насилство над ученици/чки, да преземаат мерки за заштита на ученици жртви на насилство и да спроведуваат активности за превенција од насилство.
Основни поими:
Насилство - сите форми на насилство, злоупотреба и занемарување.
Ученик жртва - секој ученик за кој училиштето има сознанија или се сомнева дека доживеал или доживува насилство.
Ученик сторител - секој ученик за кој училиштето има сознанија или за којшто постојат основани сомненија дека сторил насилство.
Сторител - секој ученик и/или возрасен за кој училиштето има сознанија или за којшто постојат основани сомненија дека сторил насилство.
Виктимизација - трпење на штетни последици од страна на лице поради преземање дејства за заштита, односно пријавување на насилство, започнување постапка за заштита, сведочење во текот на постапката или на друг начин учество во постапка за заштита од насилство, дискриминација или друга повреда на правата.
Контакт-лице за пријавување насилство:
Елена Темелкоска, психолог
Заменик контакт-лице за пријавување насилство:
Ана Трпевска, специјален едукатор и рехабилитатор