1 април - Денот на шегата

Принцези, бетмени, спајдермени, полицајци, семафори, штрумфови, пеперутки и уште многу други маски продефилираа во нашето училиште по повод 1 април - Денот на шегата во училишниот двор.
Учениците од прво до петто одделение заедно со нивните одделенски наставници ги презентираа своите креативни маски.
На Дефилето беше избрана најкреативната групна маска за учениците од II-2 одделение за маската Штрумфови, а исто така беа избрани и најкреативни маски од секое одделение:
- I-2 Елена Ѓорѓиевска
- I-2 Каја Михаиловска
- II-1 Бобана Ивановиќ
- III-1 Ива Спасовска
- III-2 Јана Петрова
- IV-1 Наум Стојановски
- IV-2 Сара Младеновска
- V-1 Јован Божиновски
- V-2 Јосиф Крстевски
Најкреативните маски присуствуваа и на Априлијадата на плоштадот во Автокоманда.
Целта на оваа активност беше развивање креативност, творечка фанатазија, другарување и соработка со локалната самоуправа.
Пофалби за сите ученици