Еко модна ревија

Во рамки на меѓународниот КА229 Erasmus+ проект, “Europe Takes a Breath” / „Европа зема здив“, денес во нашето училиште се одржа Еко модна ревија на која учествуваа учениците од II-1, II-2 и III-2. На оваа модна ревија, учениците имаа можност да ги покажат своите прекрасни еко креации кои беа изработени од материјали за рециклирање. На настанот присуствуваше и ЕкоМен 4Селект, кој ги едуцираше учениците како да го селектираат отпадот за поубава и почиста животна средина.