Посета на општина Гази Баба 2020

„Што значи локалната власт? Зошто е толку значајна за граѓаните? Што означува поимот општина? Кој управува со општината? Колку обврски има градоначалникот?...“ - безброј прашања во умните глави на нашите четвртоодделенци од Стајковци и Страчинци, кои денес имаа можност да го посетат Кабинетот на градоначалникот, да поразговараат со него за сите дилеми и прашања и да се запознаат со дел од неговиот тим.
Голема благодарност за одвоеното време во интерес на поуспешна реализација на наставната програма и поддршката во креирањето добри ученици и активни граѓани на општеството.