МИО активност - онлајн средба со ООУ„Димо Хаџи Димов“

Третоодделенците од нашето подрачно училиште под водство на одделенскиот раководител Неџати Лимановски, заедно со ученици на иста возраст од ООУ "Димо Хаџи Димов", реализираа онлајн средба (МИО активност посветена на семејството и семејните вредности). Ваквите активности придонесуваат за проширување на знаењата и прифаќањето на различностите.