Новогодишна приредба 2016

На 26.12.2016 година, по повод крајот на првото полугодие, новогодишните и божикните празници, првачињата изведоа приредба на која се претставија со многу песнички, стихотворби и игри. Приредбата ја следеше и Дедо Мраз, кој им подари новогодишни пакетчиња.