eTwinning училиште 2016

Голем дел од нашите ученици активно се вклучени во виртуелни eTwinning проекти, под менторство на своите наставници, преку кои имаат можност да комуницираат со врсници од цел свет и да ги збогатуваат знаењата, реализирајќи разновидни креативни активности. Нашето училиште има добиено неколку национални и една европска ознака за квалитет. Исто така, нашата работа ја промовираме реализирајќи презентации на проектитe. Неодамна беше спроведена и информативна работилница за наставниците од општина Гази Баба. За огромната поддршка на наставниците кон овој начин на работа, за посебни заслуги и посветеност во мрежата eTwinning, директорката Ана Петровска доби благодарница од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.