Новогодишен базар - Страчинци 2016

На 23.12.2016 година во ПОУ - Страчинци се реализираше Новогодишен базар, каде учениците ги презентираа своите новогодишни изработки. Во посета беа и студенти од Сојузот на студенти при Стоматолошкиот факултет во Скопје, кои на учениците им доделија новогодишни подароци.