Мини eTwinning конференција 2016

На 28.11.2016 година, во ООУ ,,Кирил и Методиј" се одржа мини eTwinning конференција, организирана од страна на Националната агенција за европски програми и мобилност, во соработка со нашето училиште. 
На настанот присуствуваа претставници од градинките и основните училишта на општина Гази Баба. 
Целта беше запознавање со платформата eTwinning и можностите кои таа ги нуди за наставниците и учениците, како и презентирање на успешните проекти на предметните наставници Елена Блажевска и Биљана Арсова.