Одбојкарски турнир 2016

ОДБОЈКАРСКИ ТУРНИР НА НАСТАВНИЦИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА - 31.10.2016
Честитки за наставничкиот тим од ООУ ,,Кирил и Методиј" за освоеното ТРЕТО МЕСТО на традиционалниот турнир во одбојка помеѓу колегите од сите основни училишта и градинки во општина Гази Баба!
Секоја чест за тимот на нашето училиште, предводен од исклучително борбените и мотивирани колеги по физичко образование, Дарко Костовски, Фатон Ганиу и нашиот почитуван, драг пензиониран колега, Љупчо Дејановски, кои со своите совети и натпреварувачкиот дух не охрабруваа да издржиме до самиот крај.
Благодарност за асистенцијата до колегите Емилија Наумовска, Вјоса Елези, Музафера Шабани, Марина Јаковиќ, Златко Манасиевски, Мишел Кондовски, Александра Накова и Вера Стојаноска.
Следната година целиме кон првото место!