Сертифицирани менаџери 2016

ПРВО УЧИЛИШТЕ СО СЕРТИФИЦИРАНИ МЕНАЏЕРИ НА ЕУ ФОНДОВИ
Свечено доделување сертификати за успешно завршена обука за менаџери на ЕУ фондови на тимот наставници Biljana Arsova, Elena Blazevska, Blagorodna Sotirov и Emilija Krsteva, под раководство на директорката на ООУ Кирил и Методиј, Ана Петровска.
Обуката и полагањето се изведоа во периодот од јуни-септември, 2016 година од страна на Илумине - Центар за ЕУ фондови, како и EMKICE - Европско-Македонски центар за ЕУ фондови (Euro-Macedonian Knowledge Innovation Center), согласно правилникот за подготовка за апликација и процесот на аплицирање за грант од Европската комисија.
Голема благодарност до претставникот на EMKICE, г-дин Илија Вучков, задолжен за вршење на обуката, заедно со својот тим.