ELTAM 2016

Од 14-16.10.2016 година, во хотел „Дрим“ - Струга се одржа 9-тата меѓународна конференција на ELTAM (Асоцијација на наставниците по англиски јазик од Македонија / English Language Teachers' Association of Macedonia), на која можеа да се проследат најразлични предавања и работилници за најновите постигнувања во развојот и предавањето на англискиот јазик на глобално ниво. На конференцијата зедоа учество голем дел странски професори и лектори, како и презентери од Македонија, Балканот, Велика Британија и САД. Специјален гостин-презентер на оваа конференција беше Marjorie Rosenberg, претседател на IATEFL - интернационална организација на наставници по англиски јазик.