Прием на првачињата 2016

На 07.10.2016 година, по повод Светската недела на детето, нашите првачиња станаа членови на Детската организација. Поголемите другарчиња им приредија свечена приредба, на која првачињата го дадоа своето детско ветување дека ќе ги запомнат нивните права и ќе ги извршуваат своите обврски. На крајот од овој настан им беа доделени детски пасоши и беџови.