Семинар по математика 2016

На 28.09.2016 год. во хотелот TCC Plaza се одржа презентација на збирка задачи од I-III одд. и на комплети дидактички материјали од I-VI одд., изработени според адаптираните наставни програми по предметот математика од меѓународниот центар за наставни програми Cambridge. Презентацијата беше во организација на Просветно дело, а ја посетија наставниците од одделенска настава.