Европски ден на јазиците 2016

Европскиот ден на јазиците / European Day of Languages секоја година ја нагласува огромната важност на изучувањето странски јазици, кои нé сплотуваат сите нас, без разлика на нашата вера или националност и нѝ овозможуваат подобро да се разбереме и прифатиме еден со друг. Овој интернационален настан прераснува во наша традиција и го прославуваме со активности од различен вид. Оваа година го означивме со реализирање на неколку креативни работилници, во кои главниот збор, како и секогаш, го имаа учениците.