Посета на Антонија Гиговска 2016

Радоста сподели ја со друг и таа ќе се шири и шири понатаму! Денес се одвиваше забавен настан во нашето училиште ООУ Кирил и Методиј, на општо задоволство на сите ученици и наставници. Имавме чест наша гостинка да биде позитивната и ведра Антонија Гиговска, една од финалистите на Пинкови ѕвездички, која со нас ја сподели својата слатка среќа - наградата од познатото балканско музичко шоу, во кое таа се прослави и стана идол на многу свои врсници и другарчиња од земјава и пошироко. Задоволството беше обострано, уживањето - очигледно, дружењето со нашите ученици - бесценето! Драга Антонија, нѝ беше мило што остави мигови за паметење, насмеани детски очи и раце полни радост и среќа!!!