Меѓународна ликовна колонија 2016

Општина Бутел, традиционално, неколку години по ред ја организира Меѓународната ликовната колонија - Љубанци, во период од 13-20 јуни. На колонијата учествуваат истакнати уметници и професори по ликовна уметност. Оваа година на колонијата учество зема и нашиот наставник по ликовно образование, Ели Чочова. Делата ќе бидат изложени во галеријата на Детскиот ликовен центар и во општина Бутел.