Ден на пролетта 2016 - 1

Учениците од ООУ Кирил и Методиј - Стајковци се вклучија во одбележувањето на првиот ден на пролетта и денот на екологијата со низа активности. 
Поделени по групи, учениците спроведоа еколошки работилници, поставуваа еко-пораки во училишниот двор и делеа флаери низ населеното место. 
Група ученици уредуваа катчиња, изработуваа постери за разубавување на училишните ходници, учествуваа во квиз на знаење со еколошки содржини и пишуваа литературни творби. 
Во некои од активностите учество земаа и родителите како дел од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“.