Осмомартовски изработки 2016 - 1

По повод 8-ми Март, меѓународниот ден на жената, во ООУ Кирил и Методиј беше организирана работилница каде учениците и наставниците од одделенска настава изработуваа честитки и разни хартиени оригами.
Дел од изработките беа подарени на вработените во училиштето, а дел во блиската околина на училиштето на припадничките од понежниот пол.
Работилницата поттикнува на самостојна изработка со што убавиот гест и подарокот добиваат искрени детски чувства и многу поголемо значење.
Да не заборавиме дека навидум малите нешта подарени од срце добиваат поголема димензија, оставаат убави спомени и пријатни чувства.