С.О.Н.Ц.Е. 2016

На 17.02.2016 г. во ООУ Кирил и Методиј - Стајковци беше реализиран пилот-проектот „С.О.Н.Ц.Е“ (Самопомош, Образование, Насоки, Цел, Единство), чија примарна цел беше приказ на методи за самопомош и взаемно помагање со цел превенција на природни катастрофи на ниво на училиштата или, поконкретно, како природните непогоди да не ескалираат во природни катастрофи. 
Секундарната цел беше да се проверат потребите на училиштата од ваков вид активности. 
Пилот-проектот беше имплементиран од страна на Центарот за управување со кризи, со поддршка од страна на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). 
Со самата активност беа опфатени четири училишта од четири општини. Во практичните предавања беа вклучени родители, наставници и учениците од: 
• второ одделение - тема: Методи за заштита од земјотрес (презентер Даниел Ѓорѓиевски); 
• трето одделение - тема: Методи за заштита од пожар (презентер Ана Спасиќ); 
• четврто одделение - тема: Креирање носилка со цел транспорт на повредено лице (презентер Трајче Јовановски)