Проект МИО 2016

На 12.02.2016 год. беше спроведен уште еден редовен час посветен на проектот МИО од страна на одделенските наставници од IV одд. Елена Антонова, Лидија Јованчевска и Тасим Фазли во ПОУ с. Страчинци.
На часот беше одржана работилница „Културен квиз“, набљудувана од страна на одговорниот наставник за проектот МИО, Имране Кривца, како и од директорката на нашето училиште.
Часот беше реализиран со цел учениците да се запознаат со културата на другите националности.
Во рамките на проектот МИО научивме:
Има нешта кои се однесуваат на културата на разните групи кои сите, или повеќето, ги знаеме едни за други, но има и нешта за другите кои повеќето не ги знаат. Кога имаме можност да комуницираме меѓусебно, да бидеме заедно, полесно може да дознаеме многу работи едни за други, а колку повеќе знаеме за нас и за оние околу нас, толку повеќе се почитуваме и градиме односи на меѓусебно помагање.