Св. Валентин 2016 - 1

Одбележување на интернационалниот празник Св. Валентин
На 12.02.2016 год., во пресрет на интернационалниот празник Св. Валентин - Ден на љубовта, беше реализирана заедничка активност - мултикултурна работилница, како дел од планираните активности на проектот МИО на ниво на Активот на општествено-хуманистичката група. Во неа учество зедоа учениците од VI-IX одд. од училиштето во Стајковци и Страчинци.
Резултат на активностите беа поемите за љубовта, пријателството, бројните изработени честитки и картички на кои беше испишано „Биди мојот Валентин“ на повеќе јазици (македонски, англиски, албански, германски и француски).
Беше изработена и проследена мултимедијална презентација за традицијата, верувањата и обичаите кои се карактеристични за овој ден и празниците посветени на љубовта и зближувањето од различни религии.