Сладок панаѓур 2016

На 05.02.2016 год., учениците од IV-1 одд., под менторство на наставничката Елена Антонова, го реализираа проектот СЛАДОК ПАНАЃУР. 
Иницијативата за проектот произлезе од текстот по македонски јазик, „Сложна дружина“, а дека децата се сложни и вредни како мравките сведочат направените слатки, палачинки, колачи, торти, кои ги подготвија заедно со своите родители и ги продаваа во просториите на училиштето. 
Слаткиот панаѓур имаше голема посетеност од страна на учениците, наставниците и другите вработени, а собраните средства ќе бидат наменети за заедничко дружење, посета на театарска претстава или прошетка во природа.
Целта на проектот е дека со слога може многу да се направи и дека доколку на децата им се даде правилна насока, тие можат многу да постигнат.