Проект МИО во наставата 2016

На 29.01.2016 год. беше спроведен уште еден редовен час посветен на проектот МИО од страна на одделенските наставници Адријана Сандева, Весна Величковска и Музафера Шабани.
На овој час беше реализирана работилницата „Свадба - традиционални обичаи“.
Часот беше реализиран со цел учениците:
- да развијат свест за постоење сличности и разлики во обележјата на сопствената и ,,другите“ култури;
- да научат зборови на јазикот на другите.
Во рамките на проектот МИО научивме:
Различните заедници имаат и различни традиционални обичаи во врска со свадбите, но имаат и обичаи кои се многу слични. Тоа, пред сe, се должи на близината на територијата на која живееле. На тој начин, културите влијаеле една на друга, прифаќајќи дел од обичаите од другите култури.