Василица - МИО 2016

Во текот на денешниот ден (13.01.2016 год.), директорката Ана Петровска и дел од тимот за меѓуетничка интеграција го посетија партнерското училиште „Браќа Миладиновци“, кое се наоѓа во населеното место Миладиновци, Скопје.
Цели на посетата беа продлабочување и зајакнување на досегашната соработка со ова основно училиште и размена на идеи, искуства и планови за реализирање заеднички МИО активности во иднина. Во рамки на посетата и во духот на традиционалното чествување на Православна Нова Година и Василица, гостите беа присутни и на кршењето погача со паричка и избор на кум за следната година.
Предметниот наставник Ели Чочова изработи ликовно дело на тема „Мултикултурализам“, кое му беше врачено на колективот при денешната посета, во знак на благодарност за досегашната соработка.
На крајот од посетата, директорката Ана Петровска се заблагодари за гостопримството и ги покани домаќините на прослава по повод Василица во просториите на ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци на 14.01.2015 год.