„Голем одмор“ 2015

На 28.12.2015 год. учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци, Скопје гостуваа во новогодишното издание на детската образовна емисија „Голем одмор“ на МТВ1.
Учество зедоа вкупно 75 ученици од II-IX одделение, со 10 точки од различен тип: рецитали, драматизации, песни, ритмички настапи.
Учениците се претставија во одлично издание и им посакаа среќна и успешна Нова 2016 година на нивните најблиски и на другарчињата ширум земјата.