Виртуелна мобилност „Европа зема здив“ (четврта средба)

На четвртиот ден од виртуелната средба во рамки на Еразмус+ проектот „Европа зема здив“, учениците изработуваа eколошки отпечатоци со цел да се согледа врската меѓу уништувањето на животната средина и структурата на економијата. Воедно беа направени и експерименти за да се согледа влијанието на јаглерод диоксид врз климатските промени. Наставниците проследија едукативно предавање за употреба на еколошки материјали во градежништвото.