Одвивање на првата фаза од изградбата на фискултурната сала

Првата фаза од изградбата на фискултурната сала во нашето училиште напредува според утврдената динамика. Денес увид на градежните работи изврши градоначалникот на општина Гази Баба, г. Борис Георгиевски. Грижата за здравјето на учениците и нивниот правилен психо физички развој е приоритет на ООУ„Кирил и Методиј“ Стајковци. Нашите ученици и наставници заслужуваат услови за работа, како што се очекува да има едно современо училиште.