Првоаприлски Viber-стикери

И Денот на шегата го одбележуваме на малку поинаков и оригинален начин... Не се маскиравме, затоа што цела година сме под маски, но направивме нешто многу корисно и креативно, на иницијатива на психологот на училиштето со поддршка на наставникот по информатика.

Линкот од креирани стикери за апликацијата Viber од учениците ги изразува нивните емоции во време на КОВИД 19, предизвикани од пандемијата и начинот на живеење и учење во вакви услови.