Обуки за Zoom и Едуино

ООУ „Кирил и Методиј" се подготвува за реализација на наставата во сите понудени модели во интерес на учениците. Споделуваме знаења, вештини и вредности и ги зајакнуваме компетенциите. 

Денес ИКТ-тимот (Благородна Сотиров, Ибрахим Демири, Елена Блажевска, Биљана Арсова, Емилија Наумовска) реализираше обуки за сите наставници за користење на апликацијата Zoom и за постапката за снимање видео-часови со програмата OBS за образовната платформа Едуино.