Училишен весник (втор број)

Нашите умни глави Сара, Ива, Стефан, Христијан и Атанас, мотивирани и менторирани од нивната класна Габриела Јорданов, подготвија ново издание на училишниот весник на ООУ"Кирил и Методиј" Стајковци. На тој начин и ние се вклучуваме во одбележување на Денот посветен на слободата на медиумите и упатуваме порака дека слободата на говор носи одговорност на медиумите кон примателите на информациите. Ние одговорно Ве известуваме за нашите активности, почитувајќи ги правилата и препораките. Исто така, споделуваме можности за изразување во време кога учењето се одвива од дома. Во месецот посветен на нашиот Патрон, уште еден продукт од лепезата која следува.

Големо браво за креативноста, вложениот труд, групната работа во виртуелни услови и пример на посветеност, дисциплинираност, креативност и позитивен дух, вредности кои се бесценети во овие бурни времиња.

Повеќе информации прочитајте на дадениот линк: