Меѓународен ден на детската книга
Нашето училиште го одбележа Меѓународниот ден на детската книга, 2-ри Април, со психолошка анализа на карактерите на омилените јунаци од детската литература. Работилницата се реализираше со учениците од V-2 одделение, под менторство на психологот Елена Темелкоска и одделенскиот наставник Александра Накева. Целта на работилницата е грижа за менталното здравје на учениците во време на вонредната ситуација во која се наоѓаме и поттикнување на желбата за читање и творење. |