Меѓународeн ден на мајчиниот јазик 2020

По повод 21 Февруари - Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во ООУ „Кирил и Методиј" беше организирана креативна работилница под мотото „Мајчиниот јазик - духовно богатство што треба да се негува и чува" со ученици од шесто до деветто одделение, на која учениците твореа и истовремено ги збогатуваа своите знаења за мајчиниот јазик, неговото потекло, развојот и значењето во одржување на културниот идентитет.

УНЕСКО го прогласи 21 Февруари за Светски ден на мајчиниот јазик на Генералната конференција во 1999 година.

Јазиците се најмоќни инструменти за зачувување и развивање на нашето материјално и духовно наследство.

Сите настојувања да се промовира ширењето на мајчиниот јазик служат за целосно развивање на свеста за јазичните и културните традиции низ светот. Учениците, воедно, се инспирираат и за развивање солидарност врз основа на разбирање, толеранција и дијалог.