Предновогодишни активности 2019

Предновогодишна агенда во ООУ „Кирил и Методиј“ - ден исполнет со многу активности и позитивна атмосфера.

Нашите најмали умни глави го дочекаа Дедо Мраз, но пред тоа покажаа што научиле во првото полугодие. А верувајте, научиле многу. На воодушевување на присутните, покажаа како се прави приредба и колку многу пораснале за толку кратко време.

Големо браво за наставничките и родителите за целата грижа и посветеност. Вторачињата на свечен начин се зачленија во училишната библиотека, со поучна приредба од нивните поголеми другарчиња, подготвена од училишниот библиотекар.

А и ние, возрасните, со скромни, но пригодни подароци, поделба на сертификати, пофалби и решенија, го одбележавме крајот на полугодието. Направивме ретроспектива на сработеното со насоки за периодот што следува. Сите ние имаме заедничка цел, а тоа е училиштето да нѝ биде место каде пријатно ќе се чувствуваме, а генерациите кои излегуваат од него да бидат подготвени да се носат со предизвиците во понатамошното образование и во животот, воопшто.