Меѓународен ден на лицата со попреченост 2019

По повод 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во ООУ „Кирил и Методиј“ ќе се случува нешто многу интересно. 
Целта нѝ е преку работилница да ги потиснеме предрасудите, да поттикнеме свест и емпатија за различните видови попреченост, но не и сожалување.
На работилницата ќе ја видиме и „чуеме“ песната за Општината, „Мостови на другарство“ на знаковен јазик.