Роденден на Општина Гази Баба 2019

Химна на проектот Градиме заедничка иднина - Мостови на другарство

Проектот Градиме заедничка иднина е најубав проект на општината, затоа што на едно место ги обединува учениците од сите 11 основни училишта, од сите етнички заедници. Тие другаруваат, творат, играат и глумат и најважно од се што се запознаваат одблизу, а со тоа ги намалуваме разликите.

Децата ни подарија прекрасна театарска претстава „Кој да го освои срцето на Сара“, како и преубавата песна „Мостови на другарство“ која ќе биде симбол на единството и соживотот.