Среќен почеток на учебната 2019/2020 година

На 02.09.2019 година се одржа свечен прием на првачињата во централното и подрачното училиште со пригодна приредба исполнета со драматизации, рецитали и ритмички точки, подготвена од наставниците и учениците од одделенска настава.

Приредбата ја проследи и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, кој заедно со директорката на ООУ „Кирил и Методиј" - Стајковци, м-р Анита Ангеловска и одделенските раководители, ги поздравија возбудените првачиња и им посакаа успешен почеток на нивното образование, како и среќа и успех во учењето на сите останати ученици во новата учебна 2019/2020 година.