Успешна спортска година 2019
Учебната 2018/2019 беше една од најуспешните години на спортски план за нашето училиште. Учениците, предводени од наставниците по физичко образование, Дарко Костовски и Фатон Ганиу, учествуваа на бројни натпревари и освоија многу награди. Крајот на учебната година го заокружуваме со освоеното ПРВО место во фудбал во општинската лига на Гази Баба. Честитки и за Дамјан Коцев (VII-1) - најдобар во повеќе атлетски дисциплини во општинската атлетска лига. Продолжуваме успешно да чекориме и спортуваме и следната учебна година! |