Приредба по повод приемот и зачленувањето на вторите одделенија во училишната библиотека 2018

На 27.12.2018 се одржа приредба по повод зачленувањето на учениците од II-1 и II-2 во училишната библиотека. 

Во приредбата учествуваа членовите на библиотекарска секција од III, IV и V одделение. Учениците со задоволство изведоа поучни, забавни и шеговити драмски игри од училишниот живот, дружењето и другарството, како и драматизација за најрадосниот дочек на Новата година. 

На крајот, учесниците изразија желба нивните соученици повеќе да читаат книги во Новата година и им посакаа на сите Среќна и успешна Нова година.