Награда за еТвининг училиште 2018

ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци е официјално еТвининг училиште! 

Нашето училиште е меѓу шесте во Македонија и меѓу 1211 училишта од 46 држави во и вон Европа кои беа наградени со eTwinning School Label, ознака која беше доделена по процес од две фази на оценување. Овие училишта се препознаени како предводници во областите: дигитална пракса, eSafety, педагогија на иновативен и креативен пристап, поттикнување на професионалниот развој на вработените и поттикнување на соработка меѓу вработените и меѓу учениците. 

Горди сме на ова големо достигнување на еТвининг тимот во нашето училиште!