Натпревар - Црвен Крст 2017

На општинскиот натпревар за прва помош и заштита за ученици од основните и средните училишта, кој се одржа во паркот во населбата Ченто и беше во организација на Црвен Крст - Гази Баба, учество зедоа и учениците од ООУ Кирил и Методиј, под менторство на одделенскиот наставник Дијана Илиевска, и го добија пехарот за освоено ПРВО место! Честитки за сите учесници и многу успех и во иднина!