Нови наставни програми за странските јазици

На 22.06.2020, наставникот по француски јазик (Елена Блажевска), на 25.06.2020, наставникот по германски јазик (Теута Хаскај Војника) и на 26.06.2020, наставниците по англиски јазик (Биљана Арсова, Емилија Наумовска, Вјоса Елези, Билјана Оливероска-Трајковска) проследија информативни средби за новите наставни планови за I до IX одделение, кои треба да се имплементираат во наставата од следната учебна година.
Се дискутираше накратко за измените кои се вметнати во наставните програми, како и дека се во очекување нови наслови на учебници за секое одделение.
Средбите се одржаа на платформата Zoom и ги спроведоа м-р Кети Димковска, советник по француски јазик, Ѓулај Усеини Исаки и Весна Попова, советници по германски јазик, и м-р Афродита Давко, советник по англиски јазик за основно, гимназиско и стручно образование при БРО.