Светски ден на аутизмот

Дефектологот од нашето училиште, Ана Тасевска, заедно со предметниот наставник по македонски јазик, Марина Димоска, и учениците од нејзиното одделение (VII-2), нé потсетија на тоа кој ден е денес и какво значење има.
2-ри Април е Светски ден за подигнување на свеста за аутизмот, ден кога светот учествува во сложувалката на сини, црвени, жолти и зелени парчиња кои ги отсликуваат комплексностите и уникатноста на спектарот на аутизмот.
Светскиот ден на свеста за аутизмот оди еден чекор подалеку, па ајде сите заедно да ги прославиме уникатните таленти кои имаат аутизам, истовремено ставајќи огромен фокус на топлата прегратка и добредојде преку настани во заедницата низ целиот свет.
#AutismDay2020  #WorldAutismAwarenessDay