Одбележување на Светскиот ден за борба против ХИВ / СИДА 2019

По повод одбележувањето на 1-ви Декември - Светскиот ден за борба против ХИВ / СИДА, нашето училиште, во соработка со Општинската организација на Црвен Крст - Гази Баба, одржа едукативно предавање „Превенција од ХИВ/СИДА и сексуално-преносливи болести", на кое присуствуваа ученици од VIII и IX одделение, со цел запознавање со основните поими за ХИВ/СИДА.
На учениците им беше укажано за пренесувањето (трансмисија), најчестите знаци (симптоми), што треба да се направи (третман) и како да се заштитат од ХИВ / СИДА.