Литературно читање и творечка работилница 2019

На 15.11.2019 година се одржа литературно читање и творечка работилница со писателот Перо Миленковски и членовите на библиотекарската и рецитаторската секција од II-IX одделение.
Учество зедоа и ученици од ООУ „Наум Наумовски-Борче“, во придружба на училишниот библиотекар.
На средбата, учениците ги прочитаа литературните творби од литературниот конкурс „Книгата - извор на мудрост“. Преку разговор, писателот Миленковски одблиску им го долови на учениците начинот на кој ги создава своите творби: искрено и со љубов кон читателите, со многу емоции кои секоја песна ги носи во себе.
Учениците со задоволство ги проследија неговите пораки и знаења за убавината и уметноста на литературното творење.