Посета на претставници на канцеларијата на УСАИД 2019

Како модел училиште за граѓанско образование и ученичко учество преку ученичките иницијативи, ООУ „Кирил и Методиј“ Стајковци денеска беше домаќин на претставникот на канцеларијата на УСАИД, господинот Ерик Јановски, претставникот на УСАИД, Лејла Јаковлевска, претставникот на Европската команда на САД, Игор Кралев, директорката на МЦГО, Лорета Георгиева, директорот на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите, Небојша Мојсовски и други претставници од невладиниот сектор. При посетата, заедно со градоначалникот, господинот Борис Георгиевски, ги запознавме гостите со ученичките иницијативи кои се реализираат во училиштето во изминатиот период. Нашето училиште стана пример за одлична соработка и партнерство меѓу учениците, наставниците, родителите и локалната власт во промовирање на граѓанските вредности преку локални и меѓународни проекти, ученички иницијативи и хуманитарни акции. Во моментот на посетата се реализираа неколку иницијативи заедно со нашите партнери од Полска, Шпанија и Португалија, кои се во насока на унапредување на претприемничките компетенции на учениците и развивање на еколошката свест.