Презентација на нордиско скијање 2019

На 20.09.2019 година се одржа презентација на нордиско скијање во училишното игралиште за учениците од петто одделение од страна на поранешни ученици на ООУ „Кирил и Методиј" - Стајковци.

Разговорот за условите за членување во клубот се водеше во најубавиот летниковец во Општината, кој од денес е официјално во употреба.

Упатуваме огромна благодарница до Јавното комунално претпријатие за нивната професионалност и ажурност. Летниковецот нѝ припаѓа на сите нас и воедно упатуваме апел да го зачуваме да нѝ трае што подолго.