Обука "Читањето е супермоќ" 2019

На 28.05.2019 година, наставници од одделенска и предметна настава од нашето училиште и училишниот библиотекар присуствуваа на обуката на тема "Читањето е супермоќ" за развивање на читачките способности и вештини кај учениците, одржана на Филозофскиот факултет во Скопје. Обуката беше реализирана во организација на издавачката куќа „Арс Ламина" и група академски професори од Институтот за педагогија.