Мартинка за секое дете 2019

По повод 1-ви Март, учениците од одделенска настава реализираа активност ,,Мартинка за секое дете" во училишното игралиште, каде меѓусебно си разменија мартинки, претходно рачно изработени на дводневна работилница од црвена и бела волница, заедно со нивните одделенски наставници. 

Воедно, учениците се запознаа и со традицијата за изработување и подарување мартинки.